Зборот кој ни недостасуваше

Ај не ми колумбизирај

Тоа што Колумбо тврдел дека ја „открил" Америка е само еден од примерите на долгата историска традиција, во која белците тврдат дека се први во откривањето на нешто што всушност долго време постоело и претходно.

Екипата од сајтот College Humor конечно измислија соодветен збор за оваа појава. Кога следниот пат некој ќе ви се прави важен дека открил „нова“ кафана во градот, која постои со години, речете му - „ај не ми колумбизирај".

26 јуни 2014 - 14:18