За арно, за порно!

И, како јас да правам деца радувајќи се на победата на Барса во 90-ти минут кога не можам да ја гледам утакмицата како живо биќе на ниеден сенародски тв канал? Зарем еуфоричниот расплод е привилегија на мала група среќници со пеј пер вју? Камо трето дете со вакви телевизии?

Ама, не се ни телевизиите криви: фудбалот има мал рејтинг кога е во прашање гледаноста, затоа што турко-индиските брејн-килери снимани со една камера во детска соба се програми кои се гледаат на само. Така мора. Толку драма и трагедија никој жив не сака да дели со другите. Барем јас. Секогаш кога ќе и раскинат на малечката невеста, се заклучувам со блиндор и липам чучнат во ќош, додека наместо одјавната шпица на епизодата едвај успевам да ја пуштам „Ме канат на свадба" (во оригинал или диско ремикс) за да ме доубие.

За разлика од сериите, фудбалот се гледа во друштво, екипно, насмеано, ведро, орно! Ќе се зберат 2-3 грлати навивачи екшуали заинтересирани за движењето на левиот бек на гостинската екипа и неговата способност за добро набацување, уште 3-4 души кои за време на фудбалот се обидуваат да склопат барем 15 минути од претходната заматена вечер и - тоа е тоа. Енде. Фудбал рејтинг ме ужасно, невеста дурафте малечко рејтинг машала. Спонзор де реклама вурусун фудбал јок.

И дали е ова убо? Не е. Природата не дозволува пораст на домашниот бруто либиден производ во услови на турко-индиски траор во домот. Пискотници не се слушаат од спалната до кај комшиите. Зла несреќа ги снајде кротките жители на Пенџаб и директно е одговорна за хроничниот неебитис и кај нас. А фудбалот секогаш делува - поразлично. Ако ти победи тимот, опа! Хоп на невестата, да постигнеш гол и ти! Ако изгуби екипата... ОПА! Добрата невеста знае како да го утеши својот натажен пастув. Ако не верувате, само проверете колку деца се родени во Шпанија 9 месеци после финалето на светското првенство 2010. Или, нашите статистичари може да ѕирнат низ тефтерите што се случувало во породилните сали во Македонија 9 месеци откако Бо Мекејлеб ги поеба редум сите евро-кошаркарски дефанзивци.

Без претеран дефетизам, ајде да бидеме конструктивни! Рејтинзите нема да ги промениме, а решение ни е потребно - моментално. Гласам со две раце да се укинат сите неотрагични сапуници, сите копии од сериите да се соберат на едно место, да бидат згазени со двотонски ваљак, да бидат запалени, пепелта да се собере и да се стави во запечатен контејнер, контејнерот да биде гаѓан со радиоактивен материјал и да биде лансиран кон најдалечната галаксија позната за вселенските воајери од нашата планета, при што во моментот на лансирање со традиционалното „пу, пу, турско било, ова не било" и прскање со света вода би се спречило враќањето на злите ликови во близина на терестријалните репетитори.

Второ решение: кампањи, нормално. „И јас сум Мекејлеб", или „За три приложени потрошени пакетчиња кондоми, добивате едно гратис". Ништо не допира до ганглиите на народот како здрава кампања, особено кога во ваквите учество може да земат народни херои како Рон Џереми, Роко, Саша Греј и останатите пејсмејкери на сенародната потенција.

Третото и наједноставно решение не предвидува никакво девијантно однесување ни финансиска штета за ТВ куќите кои ете, од себични монетарни причини одлучиле да работат за профит, а не за долгорочното добро на својот народ. Просто е: дајте ни бесплатно порно на сите канали секоја вечер од 23:00 до 04:00. Беспоштедно лупање на телевизија, за сечиј вкус. Мисионерски, дипломатски, од лустер врз кревет, на тераса, со стој на раце. Пенетрација со залет, ритмичко свршување. Реалити шоу програма: „Најди ја Г-точката“. Квиз: „Кој сака да ми биде втор“. Инспиративно трескање 24/7. Креативно прцање ол најт лонг. Лекции по сликање со Ван Кок. Ју нејм ит.

Ги знаеме мудрите зборови на Марија Антоанета, таа прекрасна плодна царица: „Ако немаат асален фудбал, нека се ебат ** **". Габриел Гарсија Маркез, пак, рекол: „Не дозволувајте да го минете животот без да ја осознаете магијата на ебењето со љубов".

Затоа, мечевите во рака и во борба! Со мадиња или на нив!

Напред Македонија!

 

Пријавете порно на betmenvelit@gmail.com или на @BatmanSaysT

25 октомври 2012 - 11:50