Архива

Триумф на Борусија, ќе брани минимална предност во Париз

По ремито 2:2 меѓу Баерн и Реал и второто полуфинале од ЛШ остава многу прашалници за патникот во финале. Со голот на Никлас Филкруг, Борусија Дортмунд има 1:0 против ПСЖ пред реваншот.

Саудиска Арабија прати инфлуенсерка на долгогодишна робија

Амнести интернешенел неодамна за'ржа кон Саудиска Арабија барајќи да ја прекинат репресијата врз слободата на изразување и веднаш да ги ослободат сите неправедно приведени поради изразување на нивните ставови, вклучително и изразување поддршка за правата на жените. Еве, одма ги послушаа: „погрешно облечена“ фитнес инфлуенсерка пратија на 11 годишна робија.

Што им е тоа „ауслендер раус“?

Вака ли почнува срањето?

Седете си МНР, за што сме ние тука?

Во каква ситуација биле Македонци кои аплицирале за работа некаде низ европските институции. Барале македонски јазик? Аха, важи. Државјанството пак, го немало под „М“ ама ниту под „Н“. Ама затоа, можело да се  најде под букавата „О“. Од кај па сега „О“? Ќе видите. Цел онолкав МНР, со она умислено конте Османи на чело, а за базични правдини мора да пишуваш писма и сам да ја аутсорсираш македонската дипломатија.

Шек - Коби, какво дуо беше тоа

Легенди какви што ретко се раѓаат и се наоѓаат заедно во ист тим. Симболи на едни незаборавни НБА времиња. Заедно беа на тронот во 2000, 2001 и 2002-ра. Потоа Коби освои уште две титули со Лејкерси (2009 и 2010), а Шек една со Мајами (2006).

Кога во Македонија во дебатни емисии се канеа навивачи

Комити vs Шверцери плус четворица гости, поканети од страна на Чом во емисијата „Чуму“ на А1. Ниту сега има ваков концепт на емисии со навивачки групи, ниту пак се надминаа или подобрија проблематиките за кои дебатираат. Осудени сме на политички гњаважи.

Кој е Томо Жезнати?

Томо Жезнати, познат сениор девелопер и експерт за Линкукс, им се пожалил на луѓе дека заради брзиот развој на вештачката интелигенција има останато без работа и професионален ангажман и дека поради тоа е принуден да работи како професионален моторџија и модел за песни. Сакајќи да ја проверат неговата работна биографија, луѓето за помош се свртиле кон ЧетГПТ. Еве што има тој да каже за Томо.

Аплаузи за Лука Модриќ и Томас Милер

Одиме со два податока за две фудбалски легенди кои заслужуваат внимание. Од синоќа едниот е најстар играч во историјата на Реал Мадрид кој настапил во ЛШ, а другиот е прв Германец кој стасал до 150 натпревари во елитното натпреварување. Секоја чест.

Топ 10 забивања во кариерата на експлозивниот Ентони Едвардс

Со главата стига до обрач, а со раката и баскетот до горниот дел од таблата. Инаку има 22 години. Уживајте во празникот наречен Ентони Едвардс со кој во полуфиналето од Западот ќе се соочат Јокиќ и другарите. Не ферма никој под кош. Многу моќен. Ама ептен.

Партија на кариерата на Тајрис Макси кој ја спаси Филаделфија од елиминација

Публиката во Медисон Сквер Гарден остана без радост, но и без зборови од перформансот на Макси кој не дозволи Њујорк Никс да стане првиот полуфиналист на Истокот.

Ноер vs Кристијано, вонземјанска одбрана

Погледнете на што налетавме. Стара снимка од Баерн - Реал со удар на Роналдо кој ќе го видите во гол. Според секоја логика ова треба да е гол и точка. Каков е овој зачудувачки голмански рефлекс на Мануел Ноер при толку силен шут? Неверојатно нешто. Ко на ракомет.

Мадрид во солзи, Надал им кажа збогум

Рафаел Надал не успеа да се избори за четвртфинале на Мастерсот во Мадрид, а тоа значи дека за последен пат настапува во својата татковина.

Чуамени му влезе на Милер во програма

Иако ова е полуфинале, екипите се сериозни, а целта им е само трофеј и ништо под тоа, сепак играчите од типот на легендарниот Томас Милер знаат како да најдат време и за забава.

Револуционерка, од новите

Про-палестинска студентска активистка од Колумбија, универзитет од престижната Ајви лига, крем дела крем од кој се регрутираат идни сенатори, судии, корпоративни ЦЕО-а... Насекирана да не дехидридраат. - Сакате да сте револуционери ама владата да ви носи храна? - Не да ни носи, туку да не ја блокира. - Ви ја блокирала ли до сега? - Не, ама сакаме гаранции.

Ќе биде ли овде некој некогаш избркан од работа?

Бројче кое се добива во МВР Куманово за ред при подигање на лични документи.

Спектакуларната кореографија во чест на легендарниот Франц Бекенбауер

Навивачите на Баерн се потрудиле за великанот Франц Бекенбауер, кој има три европски титули и тоа по ред: 1974, 1975, 1976. Замина на 7 јануари годинава на 78 годишна возраст.

Восхитувачкиот пас на Крос кој му ја нацрта акцијата на Винисиус

23 минути Баерн го напаѓаше голот на кралевите, кои до тогаш не се споија со топка. Во 24-та минута на својата позиција топка доби Тони Крос и толку беше. Со само една гестикулација со прст му посочи на Винисиус каде треба да влезе. Навидум едноставна, но сепак многу мајсторска асистенција на Германецот со многу мозок, за која сите зборуваат денеска.

Навивачите на Реал и Баерн сложни во метро

Првата мега пресметка меѓу Баерн и Реал заврши 2:2. Не чувме дека пред мечот имало инциденти. Таргетот на група навивачи од двата тима беше Барселона.