Архива

Како Советите беа прелажани за НАТО

Бидејќи проширувањето на НАТО со децении е очигледен процес кој не може да се негира, на Запад провејуваа наративи кои го релативизираа ветувањето на западните лидери дека НАТО нема да оди на исток „ни за сантиметар“. Се тврдеше дека е тоа е извадено од некој разговор, дека Советите “така разбрале“, дека Горбачов само „го слушнал она што сакал да го слушне.“

Букбокс гледанка: „Шведската врска“ (2026)

Филм на Нетфликс кој ја прикажува комплексната положба на Шведска за време на Втората светска војна. Во центарот на приказната е навидум обичен службеник во Министерството за надворешни работи, Геста Енгзел, кој постепено станува свесен за ужасите што нацистичкиот режим ги спроведува врз Евреите во Германија и окупираните територии. И одлучува да стори нешто во врска со тоа.

Британската влада шпионирала милиони луѓе во електрични автомобили

Милиони возачи на електрични автомобили во Британија со години биле следени од владата преку нивните мобилни телефони. Операторите O2, Tesco и Sky Mobile, доставувале до владата историја на сообраќајот на интернет и записи од апликациите ако било кој во колите барем еднаш месечно се најавувал на веб-страницата поврзана со електричните возила.

Тензично во Оклахома, Јокиќ и Вилијамс се фатија за врат

Денвер Нагетс загуби на гостувањето против Оклахома во продолженија со 121-127. Мареј постигна 39 поени, а Јокиќ оствари трипл-дабл. Србинот влезе во клинч со Лугенц Дорт, кој неспортски го фаулираше, а потоа и со Џејлин Вилијамс, кој застана во одбрана на својот соиграч. Дорт беше исклучен за намерниот фаул, а Јокиќ доби техничка.

Славните спортски ѕвезди ручаа во Дебар маало

По Хрватска, Словенија, Србија и БиХ, Македонија се приклучува на „Спортските игри за млади“ кои оваа пролет ќе се одржат во 10 спортски дисциплини, а се очекува да учествуваат над 1.000 деца. По потпишување на договорот со македонска влада, промоторите и амбасадори на настанот, заедно со македонските претставници се нагостија со богата софра на Боемска. На едно место можеа да се видат Жељко Обрадовиќ, Предград Даниловиќ, Славен Билиќ, Предраг Мијатовиќ, Аљоша Асановиќ, Шиме Врсаљко, Веселин Вујовиќ, Игор Ангеловски, Масар Омерагиќ, Борко Ристовски...

Градски парк сефтосан со забивање

После пауза од пет години, во Градски парк, кој е во ново руво, повторно се играше кошарка. Заигра македонската репрезентација против Луксембург во претквалификациите за Европското првенство 2029 и победи 79-70. Нашиот национален тим направи кам бек во култната сала после 20 години. Првите поени ги запиша Итан Хап и тоа атрактивно со забивање по само 16 секунди игра, на асистенција на Марин Петков.