Архива

Чувајте ги ситните пари – 1 денар рата во Credissimo

Со еден денар не може да купите ништо, ниту во супермаркет, ниту во аптека, ниту во трафика. Но, со само еден денар може да платите едномесечна рата во Credissimo. Затоа, чувајте ги ситните пари и наместо да ви пречат во паричникот или по џебовите, искористете ги за да вратите рата од вашиот кредит. Станува збор за новата промоција „1 денар рата“ која започнува на 10 март и ќе трае сè до 1 јуни годинава. За сите постојни и нови корисници, кои во овој период ќе земат кредит Credissimo плус во вредност до 200.000 денари, со рок на отплата подолг од осум месеци, последната рата ќе изнесува само еден денар.  

Норвешки селектори на скијачи правеле дубари со костими, одземени им се медалите од Светско првенство

Голем скандал го тресе скијачкиот свет откако двајца норвешки натпреварувачи во скијачки скокови манипулирале со опремата за време на Светското првенство кое се одржува во нивната земја.

Во УСАИД масовно се уништуваат доверливи документи

Гардијан дошол до меил кој покажува дека на началството на УСАИД му се брза да ги уништи сите доверливи документи пред да им биде удрен печат на отказите и да бидат зачистени канцелариите. Законот налага документите да завршат во архив, на увид на јавноста или како докази за истраги. Ама: „Ако ви снема вреќи за палење, само побарајте“, порачала извршната секретарка Ерика Кар.

Попрво кај Васко Ефтов ќе дојдеш до збор

Мосахид од Катар има концепт (на Јутјуб, на Инстаграм) кој е глуп да поглуп не може да биде. Ама толку добро го има навежбано и толку добро го прави што е пишурија. Идејата е да постави прашање и после да ги прекинува. До бескрај. Таман ќе почне да му се одговара, Мосахид, со совршен тајминг, го сецка со истото или друго прашање. Притоа весељак е човекот, не е некој трујач. Само да видите како пиздат луѓе. 

Кога сака - сака

Во 21. коло од фудбалската Суперлига на Данска, лидерот Мидтјиланд на гости славел 1-4 против Алборг. Третиот гол на мечот за гостите го дал Дарио Осорио. Откако ја „искршиле“ пречката и стативата на домашниот голман.

Жената што на 72 години работи како ескорт

Си ја исплатила хипотеката, чисто информативно.

Како „правилно“ да се соблечеш пред сопругот

Затоа што, не може како било. Не може без достоинство и женственост.

Џеси Кејв од „Хари Потер“ почнува со ОнлиФанс

Ќе споделува содржини поврзани со косата, како чекор кон владеење со сопствената моќ, плус плаќање долгови.

А фудбал со брзо одење сте гледале?

Треба да има Лига на шампиони во овој спорт. Вторник и среда навечер да се пренесува на телевизија. Ако може некој да гледа со внимание снукер, ќе може и ова.

Рој Кон: мистериозниот адвокат кој му помогнал на младиот Трамп

Филмот чиј наслов може да се преведе со „Чиракот“ или „Ученикот“ (The Apprentice) изминатава сезона стана популарен поради неколку причини - затоа што неговиот поднаслов е „Приказната за Доналд Трамп“ и содржи делови од неговата биографија, но и затоа што во него учествуваат навистина одлични актери кои беа номинирани за Оскари за своите улоги. Но она што е веројатно најважно во него не е самиот Трамп, туку еден мистериозен лик кој го направил она што денес е.

Амазонска прашума жртвувана за самит за климатски промени

Бразил го поплочува патот до самитот за климатски промени со трупци од илјадници исечени заштитени дрвја. Багери ја расчистуваат амазонската прашума за да можат светските лидери, кога во ноември ќе се возат до самитот КОП30 во Белен, да се восхитуваат на убавината на дрвјата што преживеале.

Тиери Анри кажа кој е за него главен фаворит за Златна топка

Прекрасната Кејт, стандардните Тиери Анри и Мика Ричардс биле во студиото на СБС Спортс вечерта за Лига на шампиони. Џејми Карагер бил на „Енфилд Роуд“ во живо да го гледа испаѓањето на Ливерпул од ПСЖ на пенали. Него го заменувал посебниот гостин, Кристијан Бобо Виери. Ричардс (играше едно време во Фиорентина) пробал да му зборува италијански. А Анри кажа кој води во трката за Златна топка.

Ко то тамо блокира?

За 15-ти март е закажан голем протест во Белград како крешендо на повеќемесечните студентски блокади иницирани од трагедијата со настрешницата во Нови Сад. Во меѓувреме страстите толку се зовриени а народот поларизиран што многумина стрепат дали тоа ќе помине без насилство и голем пичвајз. Ние многу од тоа први имаме видено: бои, црвени дланки, „ослободување на јавниот сервис“ (Стојанче, добар?), само без хуморот и луцидноста на Србите.

Навивачи на Бенфика беснееле на стадионот на Барселона

Португалската полиција пред една недела имала жестока акција против навивачките групи во оваа земја а главна на удар била групата No Name која ја поддржува Бенфика и е во пријателски односи со Торцида Сплит. Синоќа на стадионот „Монжуик“ во Барселона каде гостуваше Бенфика (3:1), гостинските навивачи од Лисабон ги нападнале редарите во гостинскиот сектор.

Гламурот на зелениот чаршаф

Забораваме колку се напреднати визуелните ефекти и компјутерски генерираните слики во филмската индустрија па понекогаш им завидуваме на глумците на прекрасните пејсажи или раскошните ентериери во кои снимаат филмови. А тие седат на табуретки пред зелен чаршаф. Ни дворци виделе, ни море примирисале.

Што ли ќе биде ако го победат Реал Мадрид?

Навивачите на Атлетико Мадрид важат за едни од најжестоките на Пиринеите. Вечерва во Мадрид ќе се игра реваншот од осминафиналето на Лига на шампиони меѓу Атлетико и Реал, градското дерби кое ќе одлучи кој ќе патува во четвртфинале. Првиот дуел го доби „кралскиот клуб“ 2:1. Навивачите на Атлетико Мадрид синоќа пред хотелот им дале бурна поддршка на играчите.