Џеси Кејв од „Хари Потер“ почнува со ОнлиФанс

Ќе споделува содржини поврзани со косата, како чекор кон владеење со сопствената моќ, плус плаќање долгови.

Во филмовите ја играше Лаванда Браун, една краткорочна девојка на Рон Визли. На ОнлиФанс ќе споделува не-сексуални содржини со малку slutty mormon енергија.

„Насочено е кон луѓе што имаат интерес или фетиш за коса,“ кажа Џеси на епизода од нејзиниот подкаст. „Правам видеа со косата на Инстаграм веќе некое време. Забележав дека често добивам коментари. Никогаш не се сексуално-девијантни или валкани, но има многу интерес и си реков, заеби, ќе направам нешто многу фокусирано.“

Има четири деца, од 3 до 10-годишна возраст. Јасно ѝ е дека сигурно нема лесно да ѝ пројде новиот проект, ама таа го смета за „многу јака можност“.

„Многу ослободува,“ објаснува таа. „Навистина бирам да размислувам за ова како за моќен момент за мене, затоа што сум била многу стрејт, многу пристојна актерка, и ова ми е начин да кажам - еве, бирам нешто што не е нормално. Ова е чудно и малку перверзно. Зошто да не?“

Ќе пробува една година, а целта ѝ е далеку од површна - сака да си ја среди куќата, да ја исчисти од оловни и арсен-тапети, да направи нов покрив, да нема долгови, па потоа и да се почувствува моќна, да докаже дека некои погрешно ја процениле дека е само „мила“ и да вложи време во нешто во кое никогаш претходно не вложила - љубов кон себе.

12 март 2025 - 09:56