- На Ратко Капушевски, Адриан Муча (екс-директор на сектор во ЕСМ) и Ерџан Сулкоски им е определен притвор, соопшти кривичниот суд во Скопје.
- За Асмир Јахоски (сопственик на Пуцко петрол и син на пратеникот на ДУИ Исмаил Јахоски) е определен куќен притвор откако обвинителот го преиначил барањето и се откажал од најстрога мерка за обезбедување на присуство.
- За останатите 7 осомничени кои беа спроведени во судот, судијата го прифати предлогот на Јавниот обвинител и донесе решени за определување на мерки за претпазливост.
- Германската полиција трага по исламистичкиот екстремист Абдул Б., кој синоќа со комбе влета во толпа на Парада на гордоста во парк во центарот на Берлин. Едно лице загинало, а 16 се повредени, вклучувајќи тројца во критична состојба.
- Осомничениот имал полициско досие поради поврзаност со исламистички кругови. Во мај бил пуштен од поправен дом за малолетници.
- Се истражува и дали во нападот учествувале и други лица, кои биле заедно со Абдул во комбито. Неколкумина од повредените имале рани од убоди со нож, а сведоци пријавиле дека виделе маж кој носел мачета.
- Во потрагата се вклучени службите за безбедност во Холандија, Белгија, Луксембург, Франција, Австрија, Швајцарија, Чешка, Полска и Данска.
- Украински воени дронови погодиле ирански трговски брод во Касписко Море. При експлозијата загинал еден морнар.
- Техеран го опиша нападот како чин на агресија и објави дека ќе ги брани своите национални интереси и безбедност. Го обвини Киев дека се обидува да ја прошири својата војна со Русија.
- Шефот на дипломатијата Абас Арагчи протестирал до Обединетите нации и ЕУ и ја повика меѓународната заедница да го осуди украинскиот напад. Тој истакна дека Иран никогаш досега не интервенирал во војната помеѓу Русија и Украина.
- Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно соопшти дека Киев постигнал „многу добри резултати“ со напади со голем дострел во Касписко Море, при што биле погодени бродови за транспорт на воен товар во кој е вклучен Иран, како и еден воен брод. Меѓу целите не го спомна иранскиот трговски брод.
- Зеленски додаде дека Русија му пренесува на Иран извидувачки сателитски снимки од Блискиот Исток за да му помогне во војната против САД.