Архива

Проектил на Барди кој не се брани

Трабзонспор го доби Газијантеп со 4:2 и тоа после голем пресврт во вториот дел. Гостите на полувреме имаа 0:2, но примија 4 комада за само 18 минути. Онуачу постигна хет-трик, а Енис Барди со прекрасен удар го матираше голманот кој немаше шанси.

Сиромаштија не може да се фејка

Милионерот кој намерно се направи бездомник и банкрот за да покаже дека за 12 месеци може да направи 1 милион долари, се откажа од експериментот откако веќе не се додржуваше живот во сиромаштија.

Март или април, рокот за Џонсон да ја спаси Украина

Кога во декември Владимир Зеленски има состанок со спикерот на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Мајк Џонсон е неполни два месеца на таа позиција. Тогаш Зеленски јасно му кажува дека Украина може максимум до март или април да ги издржи руските напади. Џонсон ја донесе помошта за Украина на една недела пред крај на рокот.

Да, кај нас сè е наопаку

Навидум нормална, вообичаена ситуација. Премин преку железничка пруга. За да ги предупреди автомобилите и пешаците, возот гласно го најавува своето доаѓање со тоа сирената. На прва, како неправилност паѓа во очи само рампата која останала подигната. Но, тоа е само на прва. Чекајте да дојде „забревтаниот“ воз, да видите какво уникатно сообраќајно џентлментство владее кај нас.

Генерацијата која ја пропушти забавата

Волстрит журнал потсетува дека генерацијата која годинава дипломира влегоа по колеџи во време на карантини и изолација а излегуваат со протести (за Газа). Пандемијата направи многумина од нив анксиозни и осамени во своите соби во кои и следеа настава и играа игрици и јадеа. „Никогаш немавме мирно време во кое ќе можевме да бидеме едноставно млади.“

Колкава е разликата меѓу милион и милијарда?

Да, голема. Но, поголема е отколку што се чини на прв поглед. Ако милион секунди се 11 дена, милијарда секунди се - 32 години. Контрастите се секогаш уште повпечатливи кога во прашање се парите: кога некој би ви давал по 100.000 долари секој ден, што мислите, колку време би било потребно за да станете богат колку Илон Маск и да имате 180 милијарди долари? Ама, еве 7024-та кај е.

Поен по кој ќе ја засакате одбојката

Перуџа и Монца играат финале и се борат за Скудето. Тоа е сè што треба да знаете пред да ја погледнете оваа борба и игра на нерви.

Што има ново кај Баер Леверкузен?

Едно коло ако не повнимава човек на Бундеслигата може да пропушти нова перверзија од неверојатниот Чаби Алонсо и негови пулени кои се печени за Нетфликс.

Роберто Баџо се спрема за Наркос 4 сезона

Нема човек кој следи фудбал последниве 30 години, а да не знае кој е Роберто Баџо, симбол на италијанскиот фудбал, според некои најголем играч во историјата на оваа земја.

Топка со очи на Бускетс, два гола на Меси, мајсторија на Суарез

Нов натпревар на Интер Мајами, ново шоу на ѕвездите од Барселона кои привлекоа 65.000 гледачи на гостувањето против Њу Ингланд во Масачусетс, што е рекорд за овој стадион.

Голман од Либан се пријави на конкурс за одбрана на векот

Ниту го знаеме името на голманот, ниту на клубот, само знаеме дека се работи за Куп натпревар во Либан. Рене Игита да ја види оваа луда храброст, која потсеќа само на неговата епска одбрана со две нозе.

Уникатна асистенција произлезена од интелигенцијата на Јокиќ

Изгледаше дека само трча во празно и нема појма каде е топката.

Нешто не им е денот на израелските службени возила

Во рок од два дена возниот парк на министрите на израелската влада останува без две возила. Прво, ултра-десниот министер за внатрешни работи Бен Гвир се тубмаше во градот Рамле, а еден ден подоцна возилото на министерот за образование Хаим Битон прави сообраќајка. Во моментот во возилото се родителите на министерот, но не и самиот министер.

Нетанјаху до Меѓународниот кривичен суд: не ме занимате

Меѓународниот кривичен суд наводно е пред издавање налог за апсење на израелскиот премиер и високи функционери во израелската влада. Што е до Нетанјаху, за МКС ќе биде подобро да не си играат играчки.

Почеста последна умира

Со просто мнозинство, Устика, мал сицилијански остров со 1.300 жители, му го одзема почесното државјанство на Волт Дизни, носејќи закон според кој само живите можат да добијат такво признание. Но, покојниот американски аниматор беше само колатерална штета: вистинската цел беше Бенито Мусолини.

Рики цар

Динамо Загреб води грчевита битка за титулата со Ријека, а следниот викенд, на 5 мај им одат на гости и тоа веројатно ќе биде клучен меч. Ова коло го совладаа Вараждин, а аплаузите ги собра Стефан Ристовски со гест во негов стил.

Црногорски фудбал пуштен на најјако: Голман со бокс му влезе на соиграч

Фудбалот на Балканот отсекогаш имал потенцијал за создавање на нестварни сцени, а инаку и од што би живеела Фејсбук страна „Seoski fudbal“. Будуќност и Сутјеска одиграа 2:2 во најголемото црногорско дерби, а потоа играчите на Будуќност биле на отчет кај навивачите кои побарале да ги соблечат дресовите. Понатаму не е јасно.

Убедлив трипл дабл на Јокиќ, недоволен за елиминација на Лејкерси

Лос Анџелес Лејкерс конечно ја прекина серијата од 11 последователни порази од Денвер, како и метлата која им се закануваше. Намалија на 3:1.