Професор по превентивна медицина смозгал финта која се пробува на експериментални автомати за брза спакувана храна: ако побараш нешто здраво, тоа ќе падне одма, ако побараш од убавото, ќе треба да почекаш.
Автомати се во прашање па не паѓа баш брокула или што и да е такво; за здраво се сметаат главно семки, јаткасти плодови или пуканки (пуканка е цело зрно, не заборавајте). За сè останато од типот чоколатца, барови, чипсови и смокија, се вклучува тајмер од 25 секунди, период во кој можеш да се пишманиш.
„Сметајте го тоа како данок на време. Нас истражувачите отсекогаш нè копкало дали одложувањето на нездравото задоволство би ги натерало луѓето да посегнат по поздрави варијанти“, вели Бред Апелханс.
Неговиот патент се користи на автоматите на Универзитетот Раш а за да биде некоја грицка рангирана како здрава треба да исполни барем 5 од вкупно седумте критериуми: да доаѓа во пакување помало од 250 грама, со лимитирани износ на сол и шеќер и под 35% од калориите да доаѓаат од маснотии.
Првичните сознанија не пукаат од оптимизам. 25 секундното одложување на нездравите грицки ја зголемила употребата на здравите за само 5 %.