За вакцината и миокардитисот, кај 23 милиони Скандинавци

Ковид вакцините сериозно го зголемуваат ризикот од воспаление на срцето, обелоденува една нова скандинавска студија. Во некои комбинации, ризикот од добивање миокардитис после вакцинација знае да биде поголем во илјадници проценти а најризична група се младите мажи.

Студијата објавена во ЈАМА (Journal of the American Medical Association) следела податоци за 23 милиони пациенти постари од 12 години во Данска, Финска, Норвешка и Шведска, од почетокот на вакцинациите во декември 2020 до почетокот на октомври наредната година.

За млади мажи од 16-24 години, во период од 28 дена по втората доза, студијата открила дека сериозен облик на миокардитис (кој бара хоспитализација на човекот) е околу пет пати повообичаен од обично после Фајзер, а 14 пати после Модерна.

Најголем ризик носи комбинацијата на втора Модерна после прв Фајзер кога ризикот е поголем 36 пати. Вакцината на Модерна во себе содржи три пати повеќе мРНК од онаа на Фајзер и авторите веруваат дека тоа е причината за зголемениот ризик.

Некои толкувања на податоците од студијата наведуваат дека ризикот од воспаленија на срцето после вакцинација, во некои комбинации е поголем за дури 120 пати.

„Ризикот од миокардитис во оваа голема група е најголем кај младите мажи после втората доза на вакцина и овој ризик треба да се балансира со бенефитите за заштита од сериозна форма на ковид“, препорачува студијата.

„Со оглед на екстремно нискиот ризик од ковид за здрави млади мажи и значајно зголемениот ризик за сериозен миокардитис кај нив после вакцинацијата, плус ризиците од другите несакани дејства, и краткорочни и долгорочни, нејасно е зошто овие вакцини сè уште не се повлекуваат за помладите возрасни групи“, пишува Вил Џонс.

 

25 април 2022 - 08:47