Одлуката ја објавува Меѓународната агенција за истражување рак (ИАРК), која функционира во склоп на СЗО, и таа ќе биде заклучок базиран на анализа на досега достапни студии на оваа тема, отприлика околу 1.300.
Во носењето на заклучокот нема да се зема предвид, ниту да се спомне, безбедна количина на аспартам за консумирање. Овие рамки ќе треба да ги донесе заедничкиот комитет на СЗО и ФАО, заедно со националните регулатори.
Заедничкиот комитет уште во 1981 има објавено насоки според кои консумирањето на аспартам е безбедно во одредени граници, кои според нив се 12 до 36 лименки газиран пијалак на ден за лице од 60 килограми.
Од Меѓународната асоцијација на засладувачи, чии членови меѓу другите се Кока-кола и Вригли, порачаа дека „ИАРК не е тело за утврдување на безбедност на храната и нивната ревизија на аспартамот не е научно сеопфатна и многу се базира на широко дискредитирани студии“.