Студијата е објавена овој август во Меѓународниот журнал за вакцинална теорија, пракса и истражувања. Тројца италијански хирурзи анализирале периферна крв, по една капка од секој од 1.006 симптоматски учесници кои имале примено барем една вакцина, од Фајзер до Модерна.
Според студијата, крвта на 94% од вкупниот примерок покажала агрегација на еритроцити и присуство на честички со различни форми и големини од нејасно потекло.
„Потребни се дополнителни студии за да се дефинира точната природа на честичките кои се наоѓаат во крвта и да се идентификуваат можните решенија за проблемите што тие очигледно ги предизвикуваат“, се додава во студијата.
Тројцата хирурзи зад студијата - Франко Џованини, Рикардо Бензи Ципели и Џанпаоло Писано - велат дека нивните наоди се слични на оние од студијата на Јанг Ми Ли, Сунјунг Парк и Ки-Јеоб Џеон од Јужна Кореја, насловена како „Странски материи во примероци од крв на приматели на вакцини ковид-19“, но дека нивната студија има „многу поголем примерок“.
Хирурзите сметаат креаторите на вакцините треба да дадат објаснување за тоа што има во снимките и зошто тие компоненти се присутни.
„Според нашето искуство како лекари, овие мРНК во доста аспекти не се како традиционалните „вакцини“ и нивните производители треба, според наше мислење, да разјаснат што има во инјекциите и зошто е тоа таму“, велат тие.