Луѓе од претходниот состав на Белата куќа се обидувале да ја блокираат Агенцијата за храна и лекови да собира дополнителни податоци за безбедноста на вакцините со цел таа по секоја цена да стане достапна за јавноста пред изборите.
Ова се наведува во извештајот на Демократите од Претставничкиот дом на американскиот Конгрес во кој преку истрага на документи, меилови и белешки се реконструира како луѓе од администрацијата на Трамп се обидувале да ja моделираат научната дејност во склад со политичката воља.
Тогашни високи службеници биеле битка за повторна авторизација на хидроксихлорокинот, лек кој вообичаено за користи за третмани на маларија и лупус за кој Агенцијата за храна и лекови претходно ја повлече дозволата по наодите дека не е ефикасен за ковид а може да има несакани последици.
Политички влијанија и притисоци имало и околу одлуката за авторизација на ковалесцентната плазма.
Главен човек кој пренесувал волјата на Белата куќа врз надлежните институции извесен Питер Наваро, претходно советник за трговија кој тесно соработувал со професор виролог од Универзитетот Џорџ Вашингтон.
Двајцата работеле на дискредитирање на научници кои говореле против хидроксихлорокинот притоа заканувајќи им се на луѓе дека после изборите, институциите ги чека „голема чистка“.
Има и поинакви толкувања на овие нови моменти. Дека вакцините беа преубаво добри и успешни, ама сè до моментот кога Трамп треба да се врати во игра за претседателското место. Сега иодеднаш не се добри, имаат многу нус појави, Трамп ги направи на брзање...