Се работи за тифус пренесуван од бактеријата Rickettsia typhi, што е исклучително важно за Лос Анџелес бидејќи не станува збор за епидемискиот тифус кој обично се јавува најтешките времиња на човековата цивилизација. Природниот циклус на бактеријата обично започнува кај стаорци и мали цицачи, кои се хранат од својот „домаќин“ преку што и го заразуваат.
Станува збор за болест што во минатото е прилично честа во САД, но со подобрените канализациски решенија и воведувањето на антибиотици таа во 1940-те е сузбиена. Во 1980-те тифусот е толку редок во САД што е тргнат од списокот на болести кои докторите мора да ги пријавуваат на здравствените власти.
Извештајот за Лос Анџелес го објавува журналот ММВР (Morbidity and Mortality Weekly Report) според кој во Лос Анџелес од 31 пријавен случај на тифус во 2010, минатата година е завршена со 171 случај, а трите смртни случаи од тифус се први пријавени во градот од 1993.
Една од теориите за ширењето на тифусот е дека бактеријата почнала да „соработува“ со бактерии од мачки, кои можат да заразат голем број помали животни, вклучително и домашни миленици. Друга теорија е дека околу жариштата расте бројот на стаорци, со што се зголемуваат шансите за пренесување.