Од багет до фокача, Европа е позната по леб и секакви видови тестенини и суканици. Во сите нив една состојка нема: калиум бромат. Се претпоставува дека е канцерогена и е забранета за јадење во Европа, Кина, Индија, но не и во САД. Таму ова соединение се користи од некои прехрамбени производители, обично во форма на кристали или прав, со цел да го зајакне тестото.
Американците го имаат во преку 100 продукти.
„Има докази дека може да биде отровен за луѓето, па дури и да иницира или поттикне развој на тумори“, вели експертот за адитиви од Универзитетот во Сасекс, Ерик Милстон.
Тој вели дека европските регулатори се многу повнимателни од нивните американски колеги. Прашан дали разликите во регулативите значат дека некои луѓе во САД добиле рак што не би го добиле кога би јаделе само во Европа, вели дека тоа е речиси сигурно.
Не е само калиум броматот.
Многу други хемикалии и супстанци кои од здравствени причини се забранети во Европа се дозволени во САД, вклучително титаниум диоксид (E171), растително масло збогатено со бром (E443), азодикарбонамид (E927a) и пропилпарабен (E217).
Милстон, кој речиси половина век ја прочува храна и агрикултура, претпоставува дека најголем дел од Американците се целосно несвесни дека на дневна основа се изложени на супстанци во нивната храна кои Европа ги смета за опасни.
Федералната агенција за храна и лекови (ФДА) пак тврди дека кога е користен правилно, при обработката на храна, калиум броматот e безопасен по здравјето на оние што го внесуваат.