Две години со ковид-19, и светот и ние

Пред две години во Вухан се појави првиот пациент кој имаше симптоми од кои подоцна ќе стрепи. Досега починаа пет милиони луѓе а над половината од светското население има примено барем една доза. Додека очекуваме инфо за најновата перјаница на коронавирусот, мала ретроспектива на овие две години, во светот и кај нас. 

  • 8 декември 2019: Првиот познат пациент во Вухан доби симптоми на болест која подоцна ќе биде идентификувана како коовид- 19.
  • 23 февруари 2020: Италија станува првата земја надвор од Кина која воведува локдаун. Поголем дел од Европа а подоцна и светот, ќе го следат тој пример.
  • 11 март 2020: СЗО прогласува пандемија, на регистрирани 4.616 смртни случаи.
  • Април 2020: Затворањето на школите погодува 82% ученици во светот, според податоци од УНЕСКО.
  • 11 август 2020: Руското министерство за здравство ја авторизира првата вакцина против ковид, Спутник V, развиена во рускиот Гамалеја институт.
  • 28 септември 2020: Светот надминува еден милион починати, со САД и Бразил како водечки во таа категорија.
  •  Декември 2020: Американската агенција за храна и лекови ја авторизира Фајзер на 11-ти, а Модерна на 18 декември. 
  • 24 март 2021: Поради жесток втор бран ковид, движен од делта варијантата, Индја станува глобален епицентар на пандемијата и го стопира извозот на вакцини.
  • Рано во јули 2021: После пролетното затишје, случаите повторно почнуваат да растат, и во Европа и во САД.
  • 29 јули 2021: Израел го започнува трендот на бустер дози.
  • 1 ноември 2021 година: Глобалниот бројчаник надмина пет милиони смртни случаи.
  • 5 ноември 2021 година: Половина од светската популација има примено барем една доза вакцина.
  • 25 ноември: Јужна Африка го пријавува првиот случај на омикрон варијанта, за која нема да знаеме на што сме барем уште еден месец, а ако испадне супер заразна а со благи симптоми, тогаш сме на коњ

Македонија и нејзините граѓани ја минуваат пандемијата како гуски во магла поради најчесто доцни, нелогични и калкулантски мерки, доцно набавување вакцини поради кретенско гео-стратешко мудрувања (игногирање на руската понуда) или матно-лукративни мотиви (сомнителни фирми во Хонг Конг), блесави прскања на улиците, задолжителни маски надвор затоа што вирусот се кревал кога одиме, дебело лицемерие во казнувањата, гинење во модуларни болници....

Бележиме срамно високи нивоа на смртност по глава на жител за што обично е крив народот иако на НВО-ата им беа дадени 500.000 евра да ја подигнувале свесноста а толку имаше и за Арачиново, нешто повеќе за печатење на хартиени весници и за секое срање кое може да ви текне.

Кормиларот на македонската пандемиска арка, министерот за здравство Венко Филипче, од стикери и аплаузи по балкони, заврши како другар на Заев откако беше жртвуван во аквизицијата на Алтернатива во парламентарното мнозинство.

Сочувство до сите блиски на починатите во оваа здравствена криза и институционална катастрофа.

6 декември 2021 - 12:28