Бројките се запрепастувачки. За околу 2 милиони луѓе во Англија, 4% од населението, се смета дека имаат АДХД, проценува тинк-тенкот Натфилфд Траст. Симптомите често се преклопуваат со оние на аутизам, дислексија и други состојби за кои, како АДХД, се смета дека се последица од тоа како се развива мозокот. 10-15% од децата имаат модели на внимание и обработка на информации кои припаѓаат на овие категории.
Во моментов, АДХД се третира како нешто што или го имате или го немате. Овој бинарен пристап кон дијагнозата има две последици. Првата е дека третирањето на сите како да се болни ги преполнува здравствените системи. Листите на чекање за проценки на АДХД во Англија се долги до десет години a образовниот систем за посебни потреби e преоптоварен. Втората последица е дека тоа се третира како дисфункција која треба да се поправи и ова води до страшно губење на човечки потенцијал.
Присилувањето да се вклопите во „нормалното“ е исцрпувачко и може да предизвика анксиозност и депресија.
Бинарниот поглед на АДХД веќе не е поддржан од науката. Истражувачите сфатија дека не постои такво нешто како „АДХД мозок“. Карактеристиките како проблеми со вниманието, импулсивност, тешкотии во организирањето на секојдневниот живот - опфаќаат широк спектар на сериозност, слично како обичните човечки особини.
За оние со потешки проблеми, лековите и терапијата може да бидат клучни за завршување на училиштето или задржување на работното место, но, за повеќето луѓе со АДХД, симптомите се доволно благи за да исчезнат кога нивната околина ги поттикнува нивните посилни страни. Наместо да се обидуваме да ги направиме луѓето „нормални“, поразумно е - и поевтино - училниците и работните места да се приспособат и навикнат на невродиверзитет.
Поголемото разбирање на невродиверзитетот ќе го намали малтретирањето во училиштата и ќе им помогне на менаџерите да сфатат дека невродивергентните луѓе често се одлични специјалисти. Тие можат да бидат лоши на големи состаноци или бучни училници, но исклучителни во работи како што се мултитаскинг и визуелни или повторувачки активности кои бараат внимание на деталите.
Мудра употреба на нивните таленти значи ослободување од она што не го прават добро. Културата која ги толерира разликите ќе им помогне на луѓето да постигнат повеќе и да извлечат повеќе од животот.
Тоа, а не кмишење по ординации.
*********
Види и:
Молиме за внимание:
Неподносливата леснотија на дијагностицирањетоАко ги гледате бројките на денешни деца дијагностицирани со ADHD ќе добиете впечаток дека во новите генерации итра вистинска епидемија на хиперактивност и пореметување на вниманието. Еден педијатар тврди дека целата работа ја гледаме погрешно.