Според податоците за смртност на американскиот центар за здравствена статистика, очекуваниот животен век на Американците во 2020 бил 77 години, што е 1,8 години помалку од претходната година.
Ковид-19 е трета водечка причина за смрт, со 350.000 жртви, пред неа се срцевите болести и ракот кои кинат по шесто и кусур илјади луѓе.
Мажите во САД лани изгубиле 2,1 а жените 1,7 година од очекуваниот животен век во однос на 2019 година.
По расни/етнички/полови линии, прилично рамномерно е распоредена загубата.
Во целата пандемија, САД пријавија 51 милиони ковид случаи и 810.000 починати.