Медиумите го спомнуваат под прекарот Зенг зад кој се крие човек кој 12 години ја избегнувал правдата за убиство на вујкото на жена му со кога се с'рчкале за некоја кирија од 600-тина евра.
После злосторот Зенг го напуштил и градот и провинцијата, менувајќи го идентитетот и земајќи лажно име. Избегал 700 километри на север и на почетокот бил просјак глумејќи глувонем човек.
Подоцна нашол и пристојна работа, и успеал да се ожени и да има дете, а за целото тоа време доследно се држел до улогата.
Паднал откако било утврдено дека не поседува веродостојни документи при што му бил земен и ДНК примерок кој го поврзал со нерасветленото убиство од 2005 година.
Медиуми наведуваат дека после апсењето тој навистина не можел да разговара со полицијата бидејќи долгогодишното некористење на гласните жици довело до нивна атрофија и нефункционалност.
Или пак може да е тоа една од многуте слични машки судбини. Ако можел на госпожата да ѝ ќути толку години, што па сега би дигал глас.