69-годишниот Емил Рателбанд сака роденденот да му биде променет од 11-ти март 1949 на 11-ти март 1969, а аргументот зад промената му се базира на промената на идентитетот што им е дозволен на трансродовите лица.
„Можеш да си го смениш името. Можеш да си го смениш родот. Зошто да не можеш да ги смениш годините?“ ја објаснува Рателбанд својата логика за холандски Де Телеграф.
Човекот не би го правел ова кога општеството не би го дискриминирало заради годините, без разлика дали тоа биле неговите шанси за наоѓање работа или за наоѓање партнерка на Тиндер.
„Кога сум 69 години, јас сум со ограничен. Ако сум 49 години, тогаш можам да купам нова куќа, да возам друг автомобил и да добивам повеќе работа.
Кога сум на Тиндер и ќе кажам дека сум 69 години не добивам никаков одговор. Кога сум 49 години, со изгледот што го имам, ќе бидам во комфорна ситуација,“ објаснил Рателбанд.
Тој не заборава да спомне и дека докторите постојано му повторуваат дека има тело како 45-годишен, а себе си се опишува како „млад бог“.
Рателбанд е до толку подготвен да симне 20 години од личната карта, што порачува дека би се откажал и од пензијата ако тоа се случи.
Од судот кој треба за околу еден месец да одлучи за случајот, не се сигурни дека постои правен механизам кој би дозволил човек да го смени својот датум на раѓање.