Кога сред овие неверендинг срања околу Македонија (кои последниве месеци станаа неверојатно гадни и без усул) некаде на интернет ќе прочиташ животна исповед која започнува со:
„40 години се расправам со продавачи дека хамбургерот е без кашкавал...“
... ти доаѓа да си заплачеш од тоа во какви прекрасни животни битки ќе можеше да ти мине векот да живееше во некои посреќни краишта од твојот.
Приказната оди вака:
„Најмалку 40 години се карам со продавачи во брза храна и келнерки по ресторани за разликата меѓу хамбургерот и чизбургерот бидејќи јас сум од оние кои не сакаат кашкавал на својот бургер.
Луѓето кои сакаат кашкавал во нивниот сендвич би требало да кажат “Сакам чизбургер“ а ние другите не сме должни да викаме “Сакам хамбургер, без кашкавал“. Бидејќи, да сакав со кашкавал, ќе нарачав чизбургер бидејќи тоа е хамбургер со кашкавал!
Оваа семантичка битка прерасна во војна откако во една фаст фуд франшиза ми кажаа дека ми наплатиле чизбургер иако го добив она што го барав: “хамбургер, без кашкавал“. „Да, плативте и за кашкавалчето бидејќи сите наши хамбургери се со кашкавал“
Иако блиските на овој напатен човек главно му викаат да не тапани и најнормално да нарачува „хамбургер без кашкавал“ тој радосно ја пренесува веста за двајца свои соборци од Флорида кои за истата причина својата крстоносна војна ја отерале на суд, барајќи од Мекдоналдс да им плати обештетување од 5 милиони долари. Причината истоветна: нивната омилена квотер паунд пљеска од 113 грама им ја наплатувале како чизбургер, дури и кога не им го ставаат кашкавалчето. Темел за тужбата нашле во една законската одредба со која се забранува „нефер врзувачки аранжман“.
Немаме фотографија но можно е исповедников малку да претерува кога тврди дека досега ќе бил милионер ако не му наплаќале за секое кашкавалче кое не го изел. А може па и не претерува
Ете, тоа ни беше муабетот.
******
п.с. једина среќа во целото ова срање е што онаа хистерија на шарените будали фино лепо природно се издиша, инаку за ваква вест во друго време ќе ни се качеа на к... дека сакаме да го спинуваме вниманието на јавноста од она што го прави владата. Какви неопеани лудаци беа тоа, куче со маст кашкавал не би ги јадело.