ЈСП Берлин одлучи да ги пушти коноп картите за да им помогне на патниците од главниот град малку да се опуштат од стресот на Божиќ и КОВИД.
Картите чинат 8,8 евра изработени се од хартија што може да се јаде, која е испрскана со „не повеќе од три капки“ масло од коноп, а ветувањето на ЈСП е дека тие имаат „смирувачки ефект“ кога ќе бидат изедени.
Се работи за масло добиено од семето, а не од цветот, заради што не содржи воопшто ТХЦ и ЦБД. Заради сето ова картите „воопшто не се штетни за здравјето“ и се „комплетно легални.“
„Вака без проблем можеш да патуваш низ Берлин цел ден, и потоа едноставно да го проголташ божиќниот стрес заедно со твојата карта,“ порачуваат од компанијата.