Што треба да знаете ако купувате вила од 188 милиони долари

Зданието се наоѓа во Бел ер, населбата во Лос Анџелес, има над 3.500 метри квадратни во кои меѓу другото се сместени 12 спални соби и 21 купатило, а купувачот од газдата добива и гратис хеликоптер.

Логиката на агентот што ја продава куќата е следната:

„- Го знаеш Марк Кубан?

- Да.

- Марк Кубан има јахта од 350 милиони долари што ќе ја употреби 8 пати, а живее во куќа од 30 милиони долари. Пол Ален, јахта од 400 милиони долари, живее во куќа од 25 милиони долари. Тоа нема никаква логика.

Имаш брод што вреди 350 милиони долари. Прв пат со него кога ќе отидеш на Медитеранот, цената му паѓа на 300 милиони долари. После 5 години ќе вреди 150 милиони, а по 10 години ќе вреди 50 милиони долари.“

Зошто 188 милиони долари? Пример, делумно, затоа што само едни од скалите во куќата чинат 2 милиона долара и се правени цели 2 години. Или пример, само за озвучување на куќата имаат 350 звучници, 200 внатре, и 150 низ двор. Или едно од лавабоата е околу 300.000 евра.

Куќата е дело на градежникот Брус Маковски, а моментално се продава со попуст од 62 милиона долари. Почетната цена и беше 250 милиони.

Дозволете да ве прошетаат низ куќата:

 

5 ноември 2018 - 17:17