Прибор за урбано преживување

Форматиран како индустриски дизајнер од Виена, Штефен Керле, во слободно време се обидува да му помогне на секој урбан човек во некој од најужасните ситуации - како мрсна храна или немање салфетки.

Додека сличните прибори би ве извадиле во случај на апокалипса или напад на зомбија, Керле работи на многу поактуелни проблеми.

"Замисли се во ситуација кога треба да ракуваш со мрсна храна, без пластичен прибор или салфетка. Со голи раце да се соочиш со мирисот и чувството што доаѓа од загреаното масло," ја опишува The Atlantic хипотетичката урбана криза.

Приборот на Керле е направен од мали плочки челик (нешто поголеми од визит карта), на кои ласерски е исечен потребниот прибор кој треба да ви помогне во некоја од спорните ситуации.

Приборот има неколку различни верзии. Најурбаната верзија е составена од: виљушка, нож, отворач за пиво, копчиња за кошула, клуч за велосипед, спајалица и јадица.

Чисто гурманската верзија има виљушки и јадица, а верзијата за пуст остров е составена од крст, јадица и срце.

 

25 април 2012 - 19:24