Поставувањето ќе се одвива во следните 5 години, а ќе се користат Ватвеј панелите од Колас. Станува збор за 0,63 сантиметри дебели панели кои директно се лепат на улица или која и да е патека. Функционираат како регуларен пат, доволно се јаки да издржат камион преку нив, а не дозволуваат лесно излизгување кога кочиш врз нив.
На панелите им требаат околу 20 метри квадратни за да генерираат доволно струја за напојување на едно домаќинство. Ова значи дека 1 километар поплочен со овие панели ќе обезбеди доволно енергија за снабдување на град од 5.000 луѓе.
Слични проекти на францускиот веќе имаат стартувано Холандија и Кореа. По речиси една година користење Холанѓаните тврдат дека нивните патеки генерираат повеќе енергија отколку што било предвидено. Годишно вадат 70 киловат-часови од метар квадратен.