Зад бројките е студија на Југозападниот Универзитет на Ченгду, во која предвид се земени само домовите од урбаните средини во Кина.
Паниката на економистите околу ваквите бројки е дека доколку почне да се расплетува некое кошмарно сценарио во кое пазарот за недвижности почнува да се разнишува, сопствениците на празни станови ќе се дадат во масовна продажба и ќе предизвикаат комплетен крах.
„Нема ниту една единствена земја со толку висока стапка на празни станови. Доколку се појави некоја пукнатина на пазарот за недвижности, недвижностите кои ќе бидат продавани ќе ја погодат Кина како поплава,“ објаснува професорот Ган Ли, кој е и автор на студијата.
За собирање бројки за студијата се ангажирани илјадници истражувачи кои „чешлаат“ 363 области низ земјата.
Проблемот со празните станови е и што тие ја држат висока цената на недвижностите во земјата и со тоа ја отежнуваат положбата на милиони лица кои немаат можност да си купат стан.