Младите им го накршија 12 милијарди долари вредниот олимписки план на Енбиси

Комкаст, сопствениците на Енбиси, за 12 милијарди долари ги купија ексклузивните права за пренос на Олимпијадата во САД до 2032. Најголемата мана на овој план е што речиси никој не знае што ќе се случува со телевизијата како медиум до 2032.

Во јуни на една конференција, ЦЕО-то на Енбиси Универзал, Стив Бурк, изјави дека најголем кошмар е да се разбудиш едно сабајле и да видиш дека рејтингот ти паднал за 20%, "ако ова се случи, моето предвидување е дека милениумската генерација е во Фејсбук или Снепчет балон, и воопшто не забележале дека пристигнала Олимпијадата."

Кошмарот од 20% не му се случи, ама за тоа му се случи пад од 17% на гледаноста во однос на претходната Олимпијада, Лондон 2012. Кај публиката меѓу 18 и 49 години, падот е уште поголем, и изнесува цели 25%. Ова е првиот пад на гледаноста на Олимпијадата (во САД) од 2000-та.

Еден од проблемите е што публиката која гледа спорт е сè постара. Како што објаснува аналитичарот на БТИГ Ресрч, "спортот е се помалку интегриран кај младата демографија, тој е заменет со други работи како видео игри и е-спортови и Снепчет фидови." Друг проблем е што за време на Олимпијадата 2012, Снепчет е во зародиш, а Нетфликс има половина од претплатниците што ги има денес.

Енбиси не дека не се обидува да ги освои младите, па апликацијата Енбиси спортс и нивниот сајт за Олимпијадата годинава имаше 78 милиони уникатни посетители, што е 24% повеќе од Лондон. Тие онлајн емитуваа и околу 6.000 часа програма, а олимпискиот Снепчет канал им го водеше Базфид.

Инаку, профитот на Енбиси од Лондон изнесуваше 120 милиони долари, на продадени 1,2 милијарди долари во реклами за Олимпијадата 2016, Енбиси очекува дека ќе има поголема заработка од пред 4 години.

20 август 2016 - 14:14