Екипа израелски истражувачи има необична идеја за запирање на заразата. Велат, треба да одработуваме четиридневна смена а потоа десет дена да бидеме дома.
„Идејата е работата да се организира во двонеделни циклуси“, вели Рон Мило, професор по компјутерски и систмска биологија на институтот Вајсман.
Ваквиот концепт би требало да ја надитри билогијата на вирусот. Ако работникот се зарази во оние иницијални 4 дена, симптомите ќе му се појават во текот на 10-дневните домашни денови и на тој начин ќе се спречи тој да заразува луѓе од работа.
„Можеме да ја искористиме клучната карактеристика на вирусот а тоа е неговиот латентен период, односно во просек тридневното доцнење од моментот кога човек ќе се зарази до моментот кога може да заразува други,“ вели Мило објаснувајќи дека на овој начин бизнисите би можеле да функционираат речиси континуирано, со сменување на две групи работници и да се добијат предвидливи и задоволителни резултати.