Долгите работни часови се виновни за комбинацијата на стрес, зголемен крвен притисок и лоша исхрана, кои предизвикуваат сериозни здравствени проблеми кај илјадници вработени, се тврди во студијата објавена во Американскиот журнал за Епидемологија.
Студијата ги комбинира резултатите од повеќе студии од изминатите 50 години и заклучува дека минувањето премногу време во канцеларија резултирало со 40 до 80 проценти поголеми шанси за срцеви заболувања, отколку работен ден од 8 часа.
Анализата е направена од научниците на Финскиот институт за трудово здравје, и ги поткрепува резултатите од една британска студија од 2011-та, која покажа дека работење повеќе од 11 часа на ден, за 67% ја зголемува опасноста од срцеви заболувања.
"Има повеќе потенцијални механизми кои ги поврзуваат долгите работни часови со срцевите заболувања. Еден од нив е психолошкиот стрес," напишале авторите на студијата.