Патниците на луксузниот брод „Морска принцеза“ минале цели 10 дена во темница и штама, со изгасени или пригушени светла, спуштени завеси и забрана за активности на палубите откако нивниот капетан проценил дека се наоѓаат во опасни води во кои има пирати.
Бродот бил комплетно опремен за такви ситуации, со водени црева и сонични бомби од кои пиратите би паднале од скалите, па сепак капетанот проценил дека тоа не е доволно и дека и патниците треба да го знаат својот дел од обврските.
Од тие причини, во тие 10 дена вежбале ситуации на напад, како да се држат за да не се испретумбаат од маневрите, што и каде да заклучат и слични ексклузивитети.
Капетанот сепак е горд што на тој начин ги минале опасните води и благодарејќи на мерките на безбедност, не биле нападнати од пирати. Вели дека откако патниците биле алармирани за опасноста, сосема поинаку ја набљудувале морската шир барајќи сомнителни пловечки објекти.
И покрај сите современи мерки, сателитски опреми и слично, пиратите и денес се реална опасност во Индискиот океан, Арапското море, Аденскиот залив и Суецкиот канал.