ONE REPUBLIC во Скопје – без ниту еден гратис

По стариот добар обичај (како и за секој концерт) вработените на Авалон Продукција преживуваат вистински терор од сите страни за гратис влезници и за концертот на One Republic во Скопје. Овој пат нема да биде поделен ниту еден гратис затоа што на нашата молба до менаџментот да ни биде дозволен одреден број на гратис влезници, добивме многу културен одговор во една реценица – „This is not a complementary tour" .

Исто така дека во изминативе две години со развојот на интернетот се појавија на десетици портали што се обидуваат да се акредитираат, би сакале да им одговориме дека за жал не сме во можност на сите да им излеземе во пресрет, затоа што за овој концерт ни се дозволени само 25 новинарски акредитации – (правопропорционално на големината на земјата).

Воедно сакаме да ве информираме дека иако до концертот има уште еден месец, повеќе од 60проценти од капацитетот на салата е веќе распродаден, а многу е веројатно дека до крајот на оваа недела некои категории од влезниците веќе нема да ги има во продажба.

Авалон Продукција

7 мај 2015 - 09:29