Во новиот извештај на РИАА (Recording Industry Association of America) се наведува дека винилот годинава е на пат да биде повеќе продаван отколку ЦД-а, што последен пат се има случено во 1986-та.
Поголемиот дел од заслугата за ова отпаѓа на тоа колку луѓе немаат никаква желба да купат музичко ЦД. Минатата година извештај на РИАА откри дека продажбата на ЦД-а паѓа три пати побрзо отколку што расте продажбата на винил.
На половина од 2019, продажбата на винил плочи донела 224,1 милион долари (од 8,6 милиони примероци), што е опасно блиску до 247,9 милиони долари од продажбата на ЦД-а за истиот период (од 18,6 милиони примероци). Ако на оваа математика се додаде дека приходите од винил растат по 12% на полугодие, а приходите од ЦД не ни мрднуваат, процената е дека крајот на годината ќе донесе нов пораз за компакт дисковите.
Инаку, претплатите на музички сервиси како Спотифај и Епл мјузик учествуваат со 62% во вкупните приходи. На ЦД-а и винил не отпаѓаат ни 10%.
Во меѓувреме, на 28-ми септември во Скопје имате ова:
Клик тука за повеќе околу Скопје винил.