Дакота Роуз има 16 години, живее во САД, за фановите е Кота Коти и нејзините видеа имаат над 27 милиони прегледи на ЈуТјуб.
Целата популарност ја стекнува со видеата за шминкање и упатствата како да изгледаш како кукла. Иако е Американка, таа најголемата популарност ја има во Азија, посебно во Јапонија.
На страна од ова и нема многу информации за Дакота.
На другата страна на Атлантикот е 15-годишната Британка Венус Палермо, на интернет позната како Венус Анџелик. Таа по престојот во Јапонија, се воодушевува од тамошната аниме култура и започнува со личниот римејк во кукла.
Венус веќе има над 13.000 фанови на Фејсбук и речиси 80 видеа на ЈуТјуб, кои исто така се на тема шминка и средување на нокти.
Она што го прават овие девојчиња, одамна е тренд во Јапонија, каде девојките (и постари од нив) се трудат да изгледаат како ликови од цртаните. Пред некоја година Њујорк Тајмс пренесе интервју со една 19-годишна Јапонка која објаснуваше дека секое утро станува во 5 часот, за да може да се подготви и да се нашминка за да личи како Барби кукла.
Трендот веднаш доби осуда од психолозите, кои сметаат дека ваквото однесување прави малолетни девојчиња да бидат перципирани како сексуални објекти.