Реклами во "дивината"

Минатата година на "амбиент адвертајзинг" (рекламирање на кутии за пица, влезници за кино и слично) биле потрошени 630 милиони долари. Ова е сума која се очекува да расте.

Заради заситеноста на потрошувачите со класичните медиуми, огласувачите постојано бараат нови начини да го привлечат вниманието.

"Овие форми на медиуми кои прават луѓето да застанат и да погледнат се помоќни од кога и да е, бидејќи се останато е заситено. Многу повеќе вреди ако можеш да направиш нешто интересно или да ставиш насмевка на некое лице," изјавил креативниот директор на Draftfcb New York, Роалд ван Вајк.


Неколку примери за "амбиент:"


Кугли
(отсечени глави)

Дел од кампањата за хорор ТВ каналот Улица 13, на германската агенција Jung von Matt. Жртви на оваа креатива беа куглите, обложени со слики од глави, кои на кугларите требаа да им доловат фрлање на човечки глави.

 

 

 

Таван на метро
(ќелаво огледало на срамот)

Ако на средовечните мажи не им срам што се ќелави на темето, секогаш може да се направи кампања која ќе ги потсети на тоа. Посебно кога ќе ги потсети пред други, на пример во метро, со огледало над главата. Агенција Rethink за компанијата Panorama Hair од Канада.

 

 

Зелени тркала
(велосипедско лајт-шоу за Green Lantern)

Прво правиш промоција за филмот со светкави ЛЕД тркала. Второ, промоцијата на суперхеројот ги прави велосипедистите побезбедни во мрак. Агенција Lorem.nu за Warner Bros., во Бразил.

 

Вашата куќа
(визит карта за агенција)

За тие што заглавиле со хипотеката, агенцијата Brainiacs From Mars нуди помош со ратите, а во замена треба да им дозволите да ја фарбаат вашата куќа и да ја претворат во џиновски билборд за промоција на нивните услуги.

 

Вашите бутови
(реклама за шорцеви)

Што ако е наметливо, неефикасно и нечитливо? Кога буквално можеш да ги брендираш твоите муштерии и тоа на нивните бутови, со помош на специјални клупи кои оставаат печат. Агенција DDB за Superette, Нов Зеланд.

 

5 април 2012 - 13:16