Почина холандскиот новинар што беше застрелан

По нешто повеќе од една недела во болница откако сред бел ден сред Амстердам беше застрелан во глава, семејството на Питер де Врајс објави дека ветеранот истражувачки новинар им подлегнал на повредите.

„Питер се бореше до крајот но не можеше да ја добие битката. Тој почина опкружен со луѓето кои го сакаат.

Питер живееше со уверувањето: На колена не се стига до слобода,“ стои во соопштението на семејството.

Де Врајс беше застрелан 5 пати, од кои најмалку еднаш во глава додека одел од ТВ студиото кон паркингот на кој се наоѓало неговото возило.

За пукањето се уапсени двајца осомничени. 35-годишен Полјак, Камил Е. и 21 годишен Холанѓанец, Делано Г. за кој се верува дека пукал во новинарот.

64-годишниот Де Врајс се прославува уште во 1983 со своето известување околу киднапирањето на пиварот Фреди Хајнекен. Тој има свое телевизиско шоу повеќе 17 години на кое обработува нерешени случаи и пропусти во правдата.

По неколкуте закани со смрт кога прифаќа полициска заштита, новинарот неодамна одби и понатаму да биде чуван од полицијата. Заканите започнаа откако минатата година тој прифати да почне да работи и како советник на главниот сведок против Ридван Тахи, познат како најбараниот криминалец на Холандија.

Пред две години, пред неговата семејна куќа во Амстердам беше убиен и Дерк Виерсум, адвокат на сведокот Набил Б.

Холандските медиуми објавуваат дека осомничениот убиец на Де Врајс бил внук на еден од луѓето на Тахи, додека според полските медиуми вториот осомничен во својата татковина бил баран за кражба и грабеж.

16 јули 2021 - 09:51