Не, Грците не се заразуваат намерно со ХИВ

По македонските медиуми неверојатно брзо се прошири вест дека Грците намерно се инфицирале со вирус на ХИВ за да добиваат социјална помош. Не, сепак не се до толку глупи.

Веста ја пренесоа и големи медиумски куќи како Ал Џезеира и Фокс, а кај нас се прелеа доста мазно. Се работи за грешка во уредување на текстот што го призна самата Светска здравствена организација.

Првичниот текст гласеше:

"HIV rates and heroin use have risen significantly, with about half of new HIV infections being self-inflicted to enable people to receive benefits of €700 per month and faster admission on to drug substitution programmes."

За подоцна да следи исправка:

"half of the new HIV cases are self-injecting and out of them few are deliberately inflicting the virus"

Чекаме втора серија, овојпат со исправки на нашите медиуми кои пренесуваа за оваа вест. Не за друго, просто не сакаме со години да се расправаме со луѓе кои во некоја дискусија ќе ни кажуваат: Не ми ги збори Грците, имам читано дека сами се заразувале со Сида....

 

26 ноември 2013 - 15:36