
Во основа идејата е дека доколку на човек му ја завиткаш твојата реклама во добра содржина, тој не само што нема да има проблем со тоа, туку и ќе ужива во твојата порака / материјал.
Една од првите компании кои решија да ја пробаат оваа техника е холандски Хајнекен. Иако компанијата со децении вади феноменални реклами кои привлекуваат сериозно внимание, тие сепак смислија своја "програма." Маркетинг целта им е " Think big sport, think Heineken" а името на 3-минутното реално шоу кое го направија за своја реклама е "Кандидатот."
Еве како изгледа целата работа: