И Данците гневни од "селфито" на Обама

Додека во САД темата беше што му текна на Обама да прави селфи за време на погреб и колку многу ќе треба да се објаснува со жена му, Данците се бесни затоа што никој не ја препознал нивната премиерка во фотографијата со Обама и Камерон.

Весникот Jyllands-Posten забележува дека неколку големи американски медиуми не успеваат да ја идентификуваат премериката Хеле Торнинг Шмит:

"'Претседателот Обама и Дејвид Камерон прават селфи со неидентификувана функционерка', напиша новинарот на Вашингтон Пост директно на Твитер. Да, неидентификувана функционерка, задолжена за неидентификувано парче земја меѓу Германија, Шведска и Норвешка."

Од Постен ја истакнаа и многу неодредената вест од УСА Тудеј, под наслов "Click! Obama, Cameron Take a Selfie." Во неа УСА Тудеј мисли дека знае кој е во прашање, ама не е сигурен:

"Не сме сигурни чиј смартфон е користен, иако Обама рече дека нема Ајфон заради безбедносни причини.

Ние исто така не сме сигурни кое е третото лице во фотографијата - во фотографијата од АФП таа не беше идентификувана - ама изгледа како да е данската премиерка Хеле Торнинг Шмит."

Дневниот весник Политикен забележува дека на агенцијата АФП и биле потребни два часа да ја идентификуваат Хеле Торнинг Шмит и да престанат да ја нарекуваат "неидентификувана функционерка."

Уредничката за фотографија на АФП била "видно засрамена" во разговорот со данската новинска агенција Рицау, за која објаснила дека заради човечка грешка тие не успеале да ја идентификуваат Хеле Торнинг Шмит, и дека дента испратиле околу 400 фотографии од овој настан. Таа исто така изјавила дека се надевала дека најпродаваната фотографија на денот ќе биде нешто поврзано со Мандела, а не селфи.

11 декември 2013 - 16:50