Дали те бива да направиш една улица во Скопје?

Сметај дека некако си добил врховна власт и дека баш ТИ треба да решиш како ќе изгледа некоја улица во Скопје (или кој и да е град што сакаш да го владееш). Ти даваат да одбереш колку метри сакаш да ти биде широка улицата и после тоа редиш елементи: лента за автомобили, посебна за автобуси, посебна за велосипеди... Едноставно имаш можност да ги исполниш сите свои влажни урбанистички соништа. Ај види на што ќе ти личи населбата.

 

клик тука за да почнеш да правиш улица

Што се однесува до Скопје, урбанизам и слично, за 21-ви септември закажан е вториот по ред TEDx Skopje кој ќе биде токму на оваа тема. Датумот е фиксен, а од тимот за комуникација со Офф.нет.мк ни рекоа дека за некој ден ќе ја имаат и локацијата на конференцијата.

21 август 2013 - 21:11