Според анализите, процесот на Беркли за прием бил во извесна мерка пристрасен, но ги фаворизирал женските апликанти, а не машките.
После копање во податоците, утврдено е дека стапките на прием за жени се повисоки отколку за мажи во четири од шест департменти.
Жените претпочитале да се пријавуваат во Ц, Д, Е и Ф, кои биле поконкурентни но многу малку од нив се пријавиле на одделите А и Б.
Ова е класичен пример за Симпсоновиот парадокс, феномен во кој некој тренд се појавува во неколку групи на податоци, но исчезнува или се менува во обратна насока кога групите се комбинираат.
Феноменот првпат го има опишано Едвард Х. Симпсон во една техничка студија од 1951 година.
Вакви феномени секојдневно се користат за манипулација со податоците, за да се поддржи приказната која сака да се наметне. При невнимателност, човек може да дојде до сосема погрешни заклучоци иако ќе биде убеден дека ја знае вистината бидејќи ги видел податоците.
Секое училиште во светот треба да престане да ги учи младите бескорисни глупости и да ги научи како да анализираат податоци, пишува еден твитерџија.