Весник кој се чита без брзање

Подобро вака да дознаете, од нас, отколку на лице место:

„Излезе“ (ненамерен сарказам) петтото издание на Искра, весник на осудените лица.

Весникот го изработуваат вработени во затворските установи и лица кои издржуваат затворска казна во Македонија, под уредничко водство на М-р Александар Ковилоски  од секторот за ресоцијализација во КПД Идризово.

Весникот кој има содржини на македонски и албански јазик е со извонредно шарен спектар теми: поезија, проза, спортско- културни настани во Идризово, затворски ракописи, стрип катче....

Ако жанровите поезија и проза ве одвраќаат, да знаете дека има и рецепт за мафини.

Весникот во .пдф го имате  - овде

9 октомври 2025 - 17:59