Доктор Сун-Шионг: Т-клетки а не антитела

Тоа што никогаш не закачил ковид, најбогатитот доктор на светот доктор Сун-Шионг го препишува исклучиво на неговата стратегија за јакнење на одбранбените Т-клетки и имунолошкиот систем кој се базира на таа клеточна заштита. И да добие коронавирус, тие клетки би го уништиле и би го исчистиле организмот. Фаучи и другите одиграле поинаку.

Д-р Патрик Сун-Шионг (29 јули 1952) е бизнисмен, инвеститор, медицински истражувач и хирург за трансплантација од Јужна Африка со американско државјанство. Тој е пронаоѓач на лекот Абраксан, кој се користи за лекување на рак на белите дробови, дојка и панкреас. Сун-Шионг е основач на NantWorks, мрежа на компании кои развиваат технологии во медицината, вештачката интелигенција и комуникациите.

Има над 675 глобални патенти и извршил пионерски трансплантации, вклучувајќи ја првата целосна трансплантација на панкреас во UCLA во 1993 година. Со богатство проценето на околу 7 милијарди долари, тој е најбогатиот лекар во светот и сопственик на весникот ЛА  Тајмс и малцински сопственик на кошаркарскиот тим ЛА Лејкерс.

3 октомври 2025 - 12:59