Теории на заговор во поп-култура

10 теории за филмови, серии и музика што можат да му текнат само на интернетот. Од тоа дека Аладин се случува во иднината, дека сите филмови на Тарантино се во ист свет, па до тоа дека Вил Смит е мртов и никогаш не стигнал до Бел Ер.

1. Аладин се одвива во иднината

Во цртаниот има сцена во која Духот го руга Аладин, дека облеката му е "Како од 3-от век..." Проблемот е што претходно во приказната се кажува дека духот бил во ламбата цели 10.000 години, што значи дека нема шанси тој да знае каква била модата во 3-от век.

Единствено објаснување за ова е дека Аладин се случува во иднината, и тоа најмалку во 10.300-та година. Целата приказна се одвива во пост-апокалиптичниот свет, во кој останал само дел од арапската култура. Работите кои тие ги нарекуваат "магија" се само дел од технолошките пронајдоци оставени од претходните цивилизации. Меѓу пронајдоците се и летачки теписи и папагали кои го разбираат и го зборуваат човечкиот јазик.

2. Џејмс Бонд е генеричко име за агент

Бонд не е само една личност. "Џејмс Бонд" е подеднакво шифра како и "007." Ова објаснува зошто во текот на годините имаше неколку различни акери што го глумеа бонд.

3. "Фрајдеј" на Ребека Блек е за атентатот на Џон Кенеди

Возачот на автомобилот во кој беше убиен Кенеди се викаше Samuel Kickin (Kickin in the front seat, sittin in the back seat...). Убиството на Кенеди се случи во петок, а откако Кенеди беше застрелан, агентите на тајната служба и рекле на Џеки Кенеди да се скрие (got to get down on Friday). А во песната има референца и за комунизмот (everybody's Russian).

На крај, наместо редовниот појадок, дента Кенеди се решил да јаде корнфлекс (got to have my bowl- got to have cereal). Следниот понеделник Кенеди требал да потпише закон кој обезбедувал превоз за сите ученици (got to catch my bus...)

4. Двојникот на Инспектор Геџет

Всушност постојат два инспектори. Откако сите сметале дека првиот е мртов, направен е нов, со исто куче, внука и комплетно ист живот. Кога првиот се враќа од смртта, тој гледа дека е заменет и излудува. Се заколнува дека ќе го уништи човекот кој му го земал идентитетот и се претвора во - Dr. Claw.

5. Самурај Џек и Пауерпаф Грлс се во ист универзум

Самурај Џек се одвива во пост-апокалиптичниот Таунсвил (Девојките биле поразени).

6. Сите филмови на Тарантино се одвиваат во ист Универзум

Вистинското име на Мистер Блонд од Reservoir Dogs е Вик Вега, брат на Винсент Вега од Евтини приказни. Сите пушат Red Apple цигар, Mr. White има работено со Алабама од True Romance итн.

Дони Доновиц 'The Bear Jew' од Неславни копилиња, е татко на филмскиот продуцент Ли Доновиц од True Romance. Ова значи дека во универзумот на Тарантино, сите растат учејќи како група еврејски командоси го убиле Хитлер во запалено кино, наместо приказната за неговото самоубиство во бункерот.

Затоа што Втората светска војна заврши во кино, сите и даваат поголемо значење на поп-културата и затоа имаа поголемо познавање на филмовите и телевизијата. Исто, затоа што Америка ја доби војната благодарејќи на еден масовен масакр, Американците во глобала не се толку чувствителни на насилство. Заради ова и Буч не е нешто посебно потресен од убиството на двајца мажи, Мистер Вајт и Мистер Пинк се прагматични кон убивањето како професија, Есмералда е опседната со смрт и.тн.

Ако сето ова подлабоко се развие, може да се сфати дека филмовите на Тарантино технички се одвиваат во два универзуми. Тој самиот објасни дека Убиј го Бил и Од Зајдисонце до изгрејсонце се случуваат во филм во филмскиот универзум. Односно, дека ликовите од Евтини приказни, Reservoir Dogs и слично, одат во кино за да ги гледаат Убиј го Бил и сл.

Она што прво паѓа на памет за Убиј го Бил и Од Зајдисонце до изгрејсонце е дека тие се премногу насилни и за стандардите на Тарантино. Овие филмови се снимени во свет во кој Америка победува во војна заклучувајќи еден куп луѓе во кино сала и разнесувајќи ги на парчиња. Плус треба да се има во предвид дека Ли Доновиц, кој е син на еден од луѓето што ја извршија самоубиствената мисија, е многу моќен продуцент.

7. Ферис Бјулер - Фајт Клуб

Еден ден додека лежи болен во кревет, Камерон му дозволува на "Ферис" да го украде автомобилот на татко му и да земе слободен ден. И додека Камерон се шлае низ градот, сите негови интеракции со Ферис и Слоун, и сите невозможни работи кои ги прават, се одвиваат само во неговата глава.

Ликот на Ферис Бјулер, е само резултат на фантазијата на Камерон, исто како и Тајлер Дурден, а Слоун е девојката што Камерон тајно го сака.

8. Форест Гамп, Гамп јуниор

Форест никогаш немал син. Џени само го искористува моментот, кога дознава колку се збогатил Форест од неговиот бизнис.

9. Док од Враќање во иднината сака да се самоубие

Док сака да се убие на крајот од филмот. Не само што тој никогаш не ја тестирал машината, туку речиси сите негови изуми до тогаш биле неуспешно.

Заради ова, тој не само што го вози Долореанот кон себе, туку го држи и Марти за да не може да избега.

Доколку неговиот изум не успееше, и двајцата ќе беа мртви. Токму како што Док сакаше.

10. Принцот од Бел Ер, Вил е мртов

Вил умрел во тепачка на кошаркарско игралиште во Филаделфија. Таксистот е всушност Господ, кој вози "ретко" такси. Тој го носи Вил во рајот, каде што тој ги решава сите проблеми со неговиот Вујко и Вујна.

Вил ги гледа татко му и мајка му само во посебни прилики, бидејќи само тогаш тие доаѓаат во посета на неговиот гроб.

4 јуни 2012 - 15:47