Дека смртта е генерално многу лоша, е еден од заклучоците со кој се согласуваат речиси сите луѓе. Сепак, како што тврди Епикур во горниот цитат, иако смртта изгледа како едно од најголемите зла, таа е проблематично специјален тип на зло. За разлика од типичните зла, доаѓањето на смртта не прави работите за нас да почнат да се влошуваат откако таа ќе се случи, бидејќи ние не постоиме откако ќе умреме. Затоа, работите не изгледаат како да се влошиле во времето по смртта. Ова можеме да го наречеме Проблем без субјект.
Проблемот без субјект изгледа како да наметнува дека смртта не е лоша за некого во времето по неговата смрт. Зошто би требало да се занимаваме со идентификување на некое време во кое смртта е лоша за човекот кој умира? Вистинската причина е што сите други зла изгледаат лоши во одреден период. Ако ја удрам главата од полиците во кујна, ова е лошо за мене по случувањето на настанот - кога имам главоболка. Ако го удрам прстот од ногата, ова е лошо за мене откако ќе се случи - кога имам пулсирачка болка во стапалото. Бидејќи останатите лоши настани се лоши за нас во одреден период, ако смртта не е лоша за нас во ниту еден период, тогаш сме втурнати кон заклучокот на Епикур, дека смртта не е лоша за нас. Аргументот на Епикур можеме да го сумираме на следниот начин:
1. Сè што е лошо за некого, мора да биде лошо во одреден период.
2. Нема време во кое смртта е лоша за човекот кој умира.
3. Затоа, смртта не е лоша за човекот кој умира.
Ако сите лоши настани мора да бидат лоши за поединецот во одредено време, кога е смртта лоша за некого ако не е лоша по неговата смрт? Има 4 можни одговори на ова прашање, кои ќе ги разгледам на кратко:
- Атемпорализам: Смртта лоша за својата жртва во не-време (вон времето).
- Етернелизам: Смртта е лоша за оној што ќе умре во секое време.
- Приоризам: Смртта е лоша за својата жртва пред умирањето.
- Конкурентизам: Смртта е лоша за оној кој ќе умре во моментот на умирањето.
Атемпорализам
Томас Нејгел ја отфрла првата премиса на Епикур, тврдејќи дека смртта е "безвременски лоша" за оној што умира. Проблемот со реакцијата на Нејгел е што изгледа како тој од смртта да прави специјален случај, во ситуација кога смртта изгледа слична со други видови зла. Но смртта мене ми изгледа лоша во многу конкретно време - во време кога сум мртов и лишен од сите добри страни на живеењето. Што е тоа толку посебно околу смртта што овозможува таа да биде безвременско зло, додека останатите, наизглед слични зла, не се безвременски?
Етернализам
Според етерналистите како Фред Фелдман, смртта е лоша во секое време. Фелдман верува дека смртта е лоша за некого заради можноста неговиот живот да добие поголема вредност доколку тој не умрел тогаш кога умрел. Бидејќи ова секогаш е точно, смета Фелдман, дека човековиот живот би имал поголема вредност доколку тој не умрел тогаш кога умрел, смртта е вечно лоша. Одговорот на етерналистите на аргументот на Епикур не е комплетно задоволувачки. Иако е точно дека мојот живот во секое време ќе бил побогат доколку не сум си го удрил прстот од ногата, исто така изгледа дека можеме да лоцираме конкретни периоди за време на мојот живот кога удирањето на мојот прст е лошо за мене. Возможно,е ова да се периодите по удирањето во кои јас чувствувам болка. Откако болката ќе се смири, наспроти гледиштето на Фелдман, удирањето на прстот повеќе не е лошо за мене.
Приоризам
Според приоризмот, смртта е лоша за оној што умира пред смртта воопшто да се случи. По ова гледиште, настанот на смртта одзема од вредноста на нечиј живот пред случувањето на смртта, бидејќи таа дава ретроактивен аргумент дека неговите претходни желби се осуетени. Проблемот со приоризмот е што изгледа како да тврди дека смртта е посебен вид зло, слично како и атемпорализмот. Другите лоши случувања не изгледаат како да се лоши за нас во периодот пред да се случат. Со зборовите на Бен Бредли: "Ако вчера посакав денес да не паѓа снег, ама сепак почна да паѓа, за мене работите не биле лоши вчера. Ако се, тие се лоши денес."
Конкурентизам
Конкурентистите држат до тоа дека комплетната лошотија на смртта за некого е содржана во интервалот на време во кој се случува умирањето, додека нашите витални капацитети почнуваат да исчезнуваат. Стивен Лупер вели: "Субјектот на смртта е живо суштество; смртта наштетува (барем делумно) со уништување на виталните капацитети на суштеството; и штета настанува во истиот момент кога суштеството умира." Веројатно конкурентизмот опфаќа дел од она што е лошо кај смртта, меѓутоа тука сигурно има уште што да се каже. Ако паднам во привремена кома, секако штетата од комата делумно ќе биде објаснета од фактот дека по стапувањето на комата јас сум лишен од многу добра кои инаку би ги уживал. Слично и штетноста на смртта мора, барем делумно, да биде објаснета со она од што ја лишува жртвата. Во најдобар случај, конкурентизмот нуди само дел од приказната.
Заклучок
Ниту еден од одговорите на аргументот на Епикур не е комплетно задоволувачки. Соочени со проблемот на идентификување на периодот во кој се случува штетноста на смртта, веројатно треба да ја разгледаме можноста таа да е безвременско зло. Ова би ја направило смртта уникатен случај, меѓутоа таа веќе и онака е уникатна на други начини, сè додека нејзиното појавување коинцидира со прекинувањето на постоење на субјектот.