
Ако во битката против бактериите, единственото оружје ни се антибиотиците, таа битка на долг рок ја губиме: бактериите развиваат отпорност кон антибиотици побрзо отколку што ние успеваме да развиваме нови антибиотици.
Од 1970 до денес имаат исчезнато приближно 50% од инсектите.
Поради комерцијални причини, денес во светот се одгледуваат само еден вид банани. Ако некоја лута болештина удри по тоа дрво, останавме без банани.
Ако пилот на хеликоптер дигне раце од командите на само три секунди, леталото најверојатно ќе дојде во позиција која не може да се поправи.
За правење цемент неопходен е одреден тип на песок. А постоечките количини на таквиот цемент не е неограничен.
Во британски лаборатории бил развиен топ на антракс кој може да остане активен и смртоносен цели 40 години.
Еден од тројца луѓе на светот ќе добијат рак. Во Германија речиси еден од двајца.
На неколку стотини години, на Сонцето се случува огромна „Масовна коронална ерупција“. Доколку се случи денес, сета техника на оној дел од Земјата кој е свртен кон сонцето ќе биде вон употреба. Последната ерупција се има случено во 1890-тите.
Во длабочините на вечниот мраз на Анктарктикот се најдени бактерии кои таму хибернираат со десетици илјади години. Топење на пермафростот може да ги ослободи а што потоа ќе се случи не е најјасно.
Ако добиете беснило и веќе почнувате да покажувате симптоми, шансите за преживување се нула.