На Gmail под кожа

Има еден маалски лик кој откако му го презентираа сите дотогаш невидени работи кои ги можеше првиот Ајфон, најнормално праша: A missed calls има? Така главно се користи и најсилниот светски поштар Џемаил, за прати и прими. А има фини и згодни трикчиња./


1. Точките во адресата ништо не му значат на Gmail.

Можете да пишете pavlovski.predrag@gmail.com, можете и pa.vlo.vski.pre.drag@gmail.com. На Џемаил му е сеедно, и двете писма ќе ги прати на исто место (кај Перо).

2. Gmail можете да го снузате

Ви треба апликацијата Бумеранг и можете да го оставите Џемаил на почек.

3. Можете да дознаете кој ги шири вашите меилови.

Додајте го знакот "+" после името па додадете што сакате. Меилот ќе фукнционира. На пример, ако адресата ви е JohnDoe@Gmail.com а сакате да се претплатите на некој шопинг сајт, после плусот додадете shoping. Ако по некое време од трета страна ви стигне понуда со "шопинг" во вашата адреса, ќе знаете дека првиве ја шитнале адресата.

4. Можете да добивате десктоп нотификации

Ако сте опсесивни во проверувањето меилови, известувања за новите пристигнати можете да добивате на декстоп. Стиснете тоа запчаникот па сетингс па скролајте до десктоп нотификации.

5. Можете одеднаш да избришете сè во сандачето.

Не по 25, по 50, туку топтан сите меилови. Кликнете на  "show more messages." Горе лево имате за чекирање "All."  Па Gmail ќе ве праша дали навистина сакате да избришете сè што имате.

6. Можете да вратите меил кој веќе сте го пратиле.

Ако сте брзи. Пишувавме за тоа овде

7. Можете да си го средите сандачето со многу шарени ѕвезди и симболи.

На располагање не ви е само жолтата боја. Пак запчаникот "general," па "stars." ‘ различни ѕвезди и 6 други симболи кои можат многу да ви помогнат да внесете прегледност во тој хаос.

21 февруари 2014 - 14:06