Машки муабети

Оди по жени за кои мислиш дека се над твојата класа, можеш пријатно да се изненадиш. Секогаш допивај си го пивото. Ако си најпаметен во собата, тогаш си во погрешна соба.

Никогаш не купувај евтин алат.

Во канцеларија држи резервна облека.

Никогаш не удирај освен ако не си директно загрозен.

На прв состанок никогаш не предлагај одење во кино.

Научи се да се бричиш на мокро, со пена и жилет.

Купи онакво за отпушување пред да ти се затне нешто.

Измиј ги забите пред да се дотераш.

Тргнувај барем по малку пари на страна.

Чуј се/види се со родителите барем еднаш неделно.

Ракувај се цврсто.

Секогаш допивај си го пивото.

Пофали и ги чевлите.

Ако немаш самодоверба, лажирај ја, самата ќе дојде.

Секогаш гледај го соговорникот во очи. Биди свесен за говорот на своето тело.

За големината на некој човек, можеш да судиш од големината на проблемите кои го тиштат.

Станувај кога се поздравуваш.

Никогаш не позајмувај нешто што не можеш да си дозволиш да го изгубиш.

Оди по жени за кои мислиш дека се над твојата класа. Можеш пријатно да се изненадиш.

Машкост не е да можеш да водиш сметка само за себе туку и за други.

Никогаш немај секс ако и таа не го сака тоа исто колку тебе.

Гледај право, никогаш не оди со наведната глава.

Најди што е твојата страст и барај начин како тоа да ти биде платено.

Без разлика што работи и каков статус има, секој заслужува почит.

Маж го прави она што мора да го прави без да кука.

Не престанувај да учиш.

Што и да правиш, прави го тоа најдобро што се може.

Кога се облекуваш за надвор, помисли дека токму тогаш можеш да ја видиш жената на својот живот.

Ако си најпаметен во собата, тогаш си во погрешна соба.

Никој на смртната постела не посакал да минел повеќе време на работа.

30 март 2013 - 09:56