Низ цело Обединето кралство можете да наидете на стари куќи под чии прозорци има натпис „Древна светлина.“
Се работи за старо правило во нивната регулатива за недвижнини според кое долгогодишни сопственици на згради и објекети за живеење имаат неприкосновено право да го задржат нивото на осветлување кое им доаѓа преку тиe прозорци.
Тоа значи дека светлината не смее да биде попречена со никаква друга куќа, зграда, објект, дрво, билборд, што и да е.
Слично правило имаат и Јапонците и таму тоа се вика nisshōken (буквално „право на свeтлина“).
Бидејќи далеку сме ние од тоа некој да те заштити да не те изеде црна темница од комшиска зграда, слушаме дека при купување станови во Скопје, особено се ценеле они кои гледаат во школски дворови, бидејќи за нив си колку-толку сигурен дека карши тебе нема да никне некоја бетонска мрцина која твојот дом ќе го претвори во гробница.