Хемингвеј и зошто пие

Во 1935-та, Хемингвеј одговара на еден текст од рускиот преведувач и критичар Иван Кашкин. Писмото го завршува со пост-скрипт во кој ја објаснува својата љубов кон алкохолот (нешто за што Кашкин му забележува).

П.П.С. Ти не ли пиеш? Забележав дека зборуваш со презир за шишето. Јас пијам уште од 15 и од тогаш малку работи ми дале поголемо задоволство. Кога цел ден напорно работиш со својата глава и знаеш дека и следниот ден ќе мора да работиш, што друго може да ти ги промени идеите и да ги натера да играат на различна рамнина, како вискито? Кога ти студи и кога си мокар што друго може да те загрее? Пред нападот, кој може да каже нешто што ти дава моментална благосостојба како што тоа го прави румот? Јас попрво не би јадел цела вечер отколку да не се напијам чаша црвено вино и вода. Единствено време кога не е добар за тебе е кога пишуваш или кога се тепаш. Тоа мора ладен да го направиш. Ама секогаш му помага на моето пукање. Модерниот живот, често пати е механичко угнетување и алкохолот е единственото механичко олеснување. Кажи ако моите книги направат пари и јас ќе дојдам во Москва и ќе најдеме некој што пие и ќе го испиеме мојот хонорар за да и ставиме крај на оваа механичка репресија.

8 јули 2013 - 12:23