Да ѝ помогнеме на Владата за следните седници

„Теоријата за мртвиов коњ“ има неколку различни пристапи и видувања. Еден е она на мудрите индијански племиња, сосема друг модерните стратегии на денешните влади и бизниси. Индијанците имаат само едно, но другиве дури 13 решенија, применливи за многу ситуации, од владата, преку проектот за наша евроинтеграција, па до компаниите во кои работиме.

Племенската мудрост на Дакота Индијанците која се пренесува од генерации на генерации, вели:

„Кога ќе откриеш дека јаваш мртов коњ, најдобро е да го баталиш“.

Меѓутоа, модерните влади и бизниси имаат развиено далеку понапредни стратегии за една ваква ситуација. На пример:

1. Набави посилен камшик.

2. Смени го јавачот.

3. Закани му се на коњот дека ќе го отпуштиш.

4. Формирај комисија која ќе го разгледува коњот.

5. Организирај посета на други држави за да видиш како таму се јаваат мртви коњи.

6. Спушти ги критериумите за да може и мртиов коњ да пасува.

7. Класифицирај го коњот како „коњ со посебни потреби“.

8. Аутсорсирај други лица за да го јаваат мртвиот коњ.

9. Собери неколку мртви коњи за да им ја зголемиш брзината.

10. Обезбеди дополнителни средства за тренинг кој на мртвиот коњ ќе му ги подобри перформансите.

11. Нарачај истражување за тоа дали полесен јавач би дал подобри резултати.

12. Донеси одлука дека мртвиот коњ не мора да се храни, што значи дека тој помалку троши, што значи дека тој е подобар од другите коњи.

13. Промовирај го мртвиот коњ во супервизор при ангажирање на друг коњ.

 

 

23 февруари 2023 - 09:39